домаМакедонијаЈубилејниот Виноскоп го отвори Скопје: Вино, добра музика и атмосфера за паметење...

Јубилејниот Виноскоп го отвори Скопје: Вино, добра музика и атмосфера за паметење на Школка

- Advertisement -spot_img

Првата вечер од јубилејното 15-то издание на Виноскоп помина во пријатен фестивалски амбиент, со уникатни вкусови, средби и наздравувања на Школка во Градски парк.

Фестивалот, кој годинава се одржува од 13 до 17 мај, го отвори своето јубилејно издание во препознатлив дух, со програма што ја донесоа Александар Јорданов, Happy End Band и Либеро Бенд. Посетителите имаа можност да уживаат во винската понуда, гастрономските содржини и првата фестивалска вечер под отворено небо.

Отворањето помина во добро расположение, градски шарм и пријатен ритам, како најава за деновите што следуваат. Виноскоп уште еднаш ја донесе својата препознатлива формула – спој на вино, вкусови, сцена и урбано доживување на една од најпознатите локации во Градски парк.

Јубилејното издание продолжува денес, 14 мај, со нова програма која започнува од 18:00 часот. Публиката ќе ја забавуваат DJ Марио, Виа Скопје и Куку Леле, а Школка повторно ќе биде место за вечер исполнета со музички ритам, вкусови и пролетна атмосфера.

Виноскоп продолжува уште четири дена, носејќи разновидни содржини за сите генерации. До 17 мај, Градски парк останува отворена сцена за селекција на вина, гастрономски понуди, настапи и пролетно уживање под отворено небо.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img