домаМакедонијаДаниловски: Нема простор за паника, хантавирусот не претставува закана за пандемија

Даниловски: Нема простор за паника, хантавирусот не претставува закана за пандемија

- Advertisement -spot_img

Хантавирусите не се ново, ниту непознато име во медицината, туку одамна опишана група вируси кои циркулираат во природата преку глодарите како свој основен резервоар. На тоа укажува епидемиологот Драган Даниловски, коментирајќи ја актуелната појава на случај со хантавирус на крузерот „МВ Хондиус“, која последниве денови привлече зголемено внимание во јавноста.

Според него, она што денес се случува повеќе припаѓа на сферата на медиумска и дигитална хиперсензитивност, отколку на реална закана од нова епидемија. Даниловски предупредува дека по искуството со ковид-пандемијата, општеството станало значително почувствително на секоја вест поврзана со инфективни болести, што создава плодна почва за ширење страв, често побрзо од самите факти.

Тој посочува дека во јавниот простор сè почесто се губи границата меѓу стручната епидемиолошка анализа и содржини кои се водени од алгоритми и емоционални реакции. „Потребна е трезвеност и проверени информации, а не нова колективна паника“, порачува епидемиологот во својата објава.

Во објаснувањето за природата на хантавирусите, Даниловски наведува дека тие се распространети на повеќе континенти и се делат на две главни групи. Едната е присутна во Европа, Азија и Африка, додека другата циркулира на американскиот континент, особено во Јужна Америка. Иако се сродни, тие предизвикуваат различни клинички слики кај луѓето.

Американските соеви се поврзуваат со хантавирусен пулмонален синдром, кој се карактеризира со релативно мал број случаи, но висока смртност која може да достигне и до 40 проценти. Европско-азиските и африканските варијанти, пак, најчесто предизвикуваат хеморагична треска со бубрежен синдром, со значително понизок, но сè уште сериозен ризик.

Во контекст на случајот на крузерот, Даниловски нагласува дека станува збор за специфичен тип вирус кој, според досегашните сознанија, може да се пренесува и меѓу луѓе, но тоа не значи дека постои поширока закана за населението. Дополнително, тој смирува дека овој вирус не е присутен во локалната средина и дека не постојат услови за негово неконтролирано ширење.

Сепак, случајот отвора друго, многу поприземно прашање за состојбата со урбаната хигиена. Даниловски укажува дека натрупан отпад, нефункционално собирање ѓубре и појава на мини-депонии во градските средини создаваат идеални услови за размножување на глодари, кои можат да бидат носители на различни инфекции.

Како што се приближуваат летните месеци, тој апелира до надлежните институции да ги засилат мерките за дератизација, дезинфекција и санитарна контрола, како и да воспостават постојан надзор над дивите депонии и јавната хигиена, со цел да се спречат реални, а не хипотетички здравствени ризици.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img