Еден од највлијателните светски диџеи и продуценти, Black Coffee, ова лето доаѓа во Скопје на голем open air спектакл што веќе се најавува како еден од најголемите музички настани сезонава.
Концертот ќе се одржи на 19 јуни со почеток од 22 часот на Стадионот на АРМ, а организацијата е во рацете на Авалон Продукција.
Добитник на Греми награда, артист кој зад себе има настапи во преполни арени како Madison Square Garden и The O2 Arena, Black Coffee важи за едно од најголемите имиња на современата електронска сцена и еден од главните виновници за глобалната експанзија на afro-house звукот.
„Black Coffee does not just play music – he makes magic“, велат организаторите, најавувајќи уникатно аудио-визуелно доживување под отворено небо.
Влезниците за концертот веќе се пуштени во продажба и можат да се набават онлајн преку avalonbooking.mk и karti.com.mk, додека посетителите ќе можат да избираат и специјални ВИП пакети за ова ексклузивно open air доживување.
Со овој концерт, Скопје летово ќе биде дел од светската електронска мапа, а публиката ќе има можност да биде дел од, како што најавуваат организаторите – “The Ultimate Black Coffee Experience”.









