домаМакедонијаРеакција на ВМРО: Филипче продолжува со политички поделби

Реакција на ВМРО: Филипче продолжува со политички поделби

- Advertisement -spot_img

Современиот Коте од Руља, Венко Филипче, трча во прегратките на Румен Радев, кој неодамна ја формираше владата во Бугарија. Филипче не чека ни една недела за да се огласи со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, нова серија на национални предавства и продолжување на аманетот од Зоран Заев. Тој јавно изјавува дека државата создавала вештачки конфликти со соседите и настапува, како што го нарекуваат, како кодош.

Од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека Румен Радев не е нова политичка фигура и дека неговите ставови за македонскиот идентитет се добро познати.

„Официјалните ставови од Софија се дека македонскиот јазик потекнува од 1945 година и има бугарски корени, како и дека Гоце Делчев е Бугарин, а Филипче трча да се усогласи со тие позиции и зборува за уставни измени“, стои во нивната реакција.

Според партијата, Филипче во своите изјави ги релативизира националните прашања и се обидува да прикаже дека тие не се важни. Тие додаваат дека со новите политички пораки СДС се обидува да ја убеди јавноста дека идентитетот и државните интереси не се приоритет.

Во соопштението се наведува и дека Филипче во изминатиот период се занимавал со други политички теми и настани надвор од државата, додека сега, како што велат, излегува со ставови за уставни измени без гаранции.

Од ВМРО-ДПМНЕ заклучуваат дека СДС по изборните порази не ја научил лекцијата и продолжува со, како што велат, арогантен настап во јавноста. Тие тврдат дека партијата ја исклучила јавноста од комуникација преку социјалните мрежи и дека граѓаните немаат можност за директен дијалог.

Понатаму се наведува дека, според нив, претходните влади на СДС оставиле негативни последици врз државата и процесот на европска интеграција.

Од ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека Македонија заслужува опозиција која работи во интерес на граѓаните, а не политика која, според нив, штети на државните интереси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img