Google го претстави конкурентот на популарниот Whoop – нараквицата Fitbit Air, за чие користење нема да биде потребно плаќање претплата.
Google официјално го претстави Fitbit Air, нова фитнес нараквица без екран која му конкурира на популарниот Whoop, но без задолжителна претплата за основно користење.
Како и кај споменатиот Whoop, Fitbit Air континуирано ја следи работата на срцето, поддржува предупредувања за атријална фибрилација (AFib), мери SpO2, пулс во мирување, варијабилност на срцевиот ритам и ги следи фазите и времетраењето на спиењето. Уредот автоматски препознава активности, а од Google тврдат дека системот со текот на времето дополнително се персонализира и се подобрува преку користење.

Google истакнува и дека нараквицата поддржува брзо полнење, па само пет минути на полнач наводно овозможуваат целодневно користење. Корисниците можат многу лесно да ги менуваат ремчињата, а достапни се повеќе различни модели, вклучувајќи гумени спортски и поелегантни верзии.
Со нараквицата доаѓа и новата апликација Google Health, која постепено ќе ги замени постоечките Fitbit и Google Fit апликации. Иако за користење на нараквицата не е потребна претплата, корисниците можат да платат дополнителна претплата за Google Health Premium (поранешен Fitbit Premium), која чини 9,99 долари месечно или 99 долари годишно. Претплатата е вклучена за корисниците на пакетите Google AI Pro и AI Ultra.

Fitbit Air е компатибилен со Android и iOS и веднаш е достапен за преднарачки по цена од 99,99 евра. Оние што ќе ја купат нараквицата до 31 мај добиваат и кредит од 45 евра за Google Store, кој можат да го искористат при следната купка.
Konekt.mk








