Голем пожар избувна на градилиште на облакодер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во марината во Дубаи.
Оперативниот центар за цивилна заштита во Дубаи доби повик за пожарот, по што противпожарните екипи од станицата „Ал Марса“ веднаш беа испратени на местото на настанот.
Според властите, станува збор за пожар со среден интензитет во зграда која сè уште е во изградба. Пожарникарите брзо интервенираа за да спречат ширење на пожарот на околните згради. Во инцидентот нема повредени.Набрзо на социјалните мрежи се појави видео од голем облак од црн чад што се издига над градилиштето во марината во Дубаи.
https://x.com/MDXreal/status/2051927940657787311?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E2051927940657787311%7Ctwgr%5E0b92c1ed53a7d74e538bdd2176e4c45cb39beabc%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fa1on.mk%2Fworld%2Fvideo-golem-pozhar-vo-dubai-gori-zgrada-vo-izgradba%2F








