HomeМакедонијаПроданоски стартува со реконструкција на водоводната мрежа на „Кузман Јосифоски“ во Прилеп

Проданоски стартува со реконструкција на водоводната мрежа на „Кузман Јосифоски“ во Прилеп

- Advertisement -spot_img

 Во Прилеп започна реализацијата на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифоски“, информираше градоначалникот Дејан Проданоски.

Проектот се реализира со поддршка на Владата, преку Министерството за животна средина и просторно планирање, а вкупната вредност изнесува околу 5,9 милиони денари.

Изведувач на работите е компанијата „ВОД-ВАР ИНЖЕНЕРИНГ“ од Скопје, а рокот за завршување е шест месеци, иако од општината очекуваат градежните активности да завршат значително побрзо, во рок од околу 60 работни денови.

Реконструкцијата опфаќа делница од јазолот на булевар „Гоце Делчев“ со улица „Кузман Јосифоски“ до јазолот со улица „Ленин“, при што ќе се изведат околу 300 метри главна водоводна линија со профил Ф-315 и дополнителни 140 метри секундарна мрежа Ф-63.

Со проектот се заменуваат старите азбестно-цементни и метални цевки со нови полиетиленски, со што се подобрува квалитетот и сигурноста на водоснабдувањето. Дел од трасата минуваше низ приватни имоти, што досега создаваше потешкотии при одржување и интервенции.

Проданоски истакна дека инвестицијата е важна бидејќи се работи за главен транспортен цевковод кој го снабдува градот со вода од резервоарот во Варош, нагласувајќи дека локалната самоуправа останува посветена на подобрување на инфраструктурата и условите за живот на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img