HomeМакедонијаОпштина Битола: Дел од „Булевар 1 Мај“ времено затворен за сообраќај поради...

Општина Битола: Дел од „Булевар 1 Мај“ времено затворен за сообраќај поради градежни работи

- Advertisement -spot_img

Поради пообемна интервенција на канализационата мрежа, в недела (10 мај) дел од булеварот „1 Мај“ во Битола ќе биде затворен за сообраќај.

Како што информираат од Општина Битола, станува збор за поголем дефект кој бара сериозен зафат на терен. Интервенцијата ќе се одвива на потегот од зградата на судот до Црн мост.

„Зафатот ќе биде од поголеми размери при што треба да се направи отвор длабок и до 6 метри“, соопштија од Општината.

Надлежните посочуваат дека улицата ќе остане затворена за сообраќај сè до завршување на работите, а апелираат до граѓаните да користат алтернативни сообраќајници и да ја почитуваат поставената сигнализација.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img