Регионалните хитмејкери ја продолжуваат својата европска супериорност
Откако ја отворија најголемата турнеја во кариерата со историски успех и две распродадени арени во Скопје, популарното дуо на 31 јули се враќа во Македонија, а овој пат дестинацијата е Охрид!
Жешката летна сезона ќе биде крунисана со спектакл на брегот на езерото, каде што во автентичниот амбиент на Егоист бич барот публиката ќе има можност да ги чуе во живо хитовите што го обликуваа модерниот звук на регионот.
Додека регионалната сцена се обидува да фати чекор, Џала Брат и Буба Корели ја продолжуваат својата суверена доминација, а интересот за GOAT TOUR со брзина на светлината прерасна во своевиден феномен. Покрај историскиот успех во Скопје, најпопуларното балканско дуо распродаде две Арени во Загреб, додека салите во Цирих, Дизелдорф и Штутгарт беа исполнети до последното место неколку недели однапред.
Секој настап беше реализиран со полн продукциски капацитет, со визуелен и сценски концепт кој им парира на светските ѕвезди. Турнејата носи подобрена продукција и сет-листа специјално дизајнирана за големи сали и спектакли на отворено, а настапот во Охрид, на 31 јули, ќе биде можност да се почувствува синергијата на врвниот настап и единствената енергија што ова дуо ја споделува со својата армија обожаватели.
Високото ниво на продукција гарантира вечер полна со адреналин и сценска магија, а овој мултимедијален спектакл е потпишан од SKYMUSIC и Music Week Concerts.
Влезниците за концертот се достапни преку веб-страницата mktickets.mk








