HomeМакедонијаВЛЕН обвинува за „паника во ДУИ“ и отвора прашања за одговорност за...

ВЛЕН обвинува за „паника во ДУИ“ и отвора прашања за одговорност за договорот со “Енергоинвест”

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН излезе со остра реакција во која ја обвини ДУИ дека денес брани проект што, според нив, токму нивни функционери претходно сметале дека треба да се раскине. Станува збор за договорот со „Енергоинвест“ за интерконекцијата меѓу Северна Македонија и Албанија, за кој ВЛЕН тврди дека со години останал само „на хартија“.


Од ВЛЕН посочуваат дека иницијативата за раскинување на договорот не е нова, ниту пак доаѓа од актуелното раководство, туку била започната уште во период кога во МЕПСО раководеле кадри блиски до ДУИ. Како што наведуваат, во тоа време директор на правниот сектор бил Билен Салији, кој, според нив, ја иницирал постапката за раскинување.
– Директор од ДУИ ја започнал постапката за раскинување, затоа што и самите увиделе дека договорот е нефункционален и ги чини граѓаните многу скапо – велат од коалицијата.
Дополнително, ВЛЕН се повикува и на јавни изјави на поранешниот генерален директор на МЕПСО, Куштрим Рамадани, кој изјавил дека би го раскинал договорот, наведувајќи дека не постоеле реални активности на терен.
– Немало активности на терен, немало основ за зголемување на цената, договорот бил фиксен, а компанијата практично не функционирала. Ова не се ставови на ВЛЕН, ова се ставови на луѓе од ДУИ – наведуваат од таму.


Според коалицијата, реализацијата на проектот во изминатите години изнесувала само околу 4 проценти, додека државата, како што тврдат, плаќала камати за кредит уште од 2015 година, без видлив напредок на терен.
Од ВЛЕН потенцираат дека одлуката за раскинување на договорот не била донесена импровизирано, туку врз основа на детална анализа и форензички пристап, со поддршка од меѓународни партнери.
– Одлуката не е импровизирана, туку резултат на детална форензика и анализа, поддржана од УСАИД и во согласност со правилата на ЕБРД, со јасни насоки за понатамошно постапување – велат од коалицијата.


Во реакцијата се отвораат и прашања за тоа зошто проектот не бил реализиран во периодот кога ДУИ била дел од власта.
– Зошто во време на ДУИ не се градел овој проект за поврзување со Албанија? Кој имал интерес проектот да стои, а да се испумпуваат пари? – прашуваат од ВЛЕН.


Од таму оценуваат дека сегашните реакции на ДУИ се обид да се избегне одговорност и да се прикријат, како што велат, пропустите во управувањето со проектот.
– ДУИ денес не ги брани граѓаните, туку брани систем кој дозволувал проект со години да стои во место додека се создаваат финансиски трошоци – се наведува во соопштението.
На крајот, од ВЛЕН порачуваат дека ќе продолжат со реализација на инфраструктурни и енергетски проекти, нагласувајќи дека нивниот фокус останува на конкретни резултати.


– ВЛЕН гради и ќе продолжи да гради – стои во реакцијата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img