HomeМакедонија(ФОТО) ФФМ со официјална промоција на новиот дрес – симбол на гордост...

(ФОТО) ФФМ со официјална промоција на новиот дрес – симбол на гордост и единство

- Advertisement -spot_img

Фудбалска федерација на Македонија официјално го промовираше новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација, кој носи силна симболика поврзана со националниот идентитет, гордоста и заедништвото.

Од Федерацијата истакнуваат дека секој детал од дизајнот има свое значење – секоја линија претставува надеж, а секој освоен бод остава трага и спомен во историјата на македонскиот фудбал. Новиот дрес е замислен како спој на стил и став, со јасна порака за тоа што значи да се носи националниот грб на теренот.

Дизајнот е реализиран во соработка со спортскиот бренд Adidas, преку нивната „Locker Room“ услуга, која овозможува креирање на уникатна тимска опрема со широк спектар на решенија. Оваа соработка е дел од програмата на UEFA – „Kit Assistance Scheme“, наменета за поддршка на националните асоцијации во развојот на нивниот визуелен идентитет.

Од ФФМ порачуваат дека новиот дрес не е само спортска опрема, туку и симбол на заедништво и мотивација за идните предизвици.

Со пораката „Напред Македонија“, репрезентацијата ќе настапува во новиот изглед, носејќи ја поддршката од навивачите и гордоста на целата нација.…

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img