HomeТехнологијаНова организациска структура во Microsoft базирана на „директно одговорни поединци“ стои зад...

Нова организациска структура во Microsoft базирана на „директно одговорни поединци“ стои зад најавите за подобрување на Windows 11

- Advertisement -spot_img

Фото: DepositPhotos
Според детална анализа објавена од Windows Central, Microsoft започнува со имплементација на нова внатрешна структура која треба значително да го промени начинот на кој се развива Windows 11.

По заминувањето на Панос Панај и преземањето на лидерската позиција од страна на Паван Давулури, компанијата се фокусира на решавање на долгогодишните проблеми со корисничкиот интерфејс и перформансите.

Главната цел на овој нов пристап е да се надминат недоследностите што се појавија како резултат на фрагментираниот развој во изминатите неколку години, враќајќи го вниманието кон деталите што го дефинираат финалното корисничко искуство.

Клучниот елемент во оваа реорганизација е воведувањето на таканаречените DRI (Directly Responsible Individuals) или директно одговорни поединци. Овој концепт подразбира дека за секој посебен сегмент од оперативниот систем постои точно одредено лице кое е одговорно за неговиот квалитет, функционалност и визуелна завршница.

Без разлика дали се работи за долната (taskbar) лента, Старт менито или системските поставки, овие „поединци“ имаат овластување и одговорност да обезбедат секој елемент да функционира беспрекорно и да биде естетски усогласен со остатокот од системот, со што се елиминира префрлањето на одговорноста помеѓу различни тимови.

Оваа промена е директен одговор на критиките дека Windows 11 често делува како спој на различни технологии кои не секогаш соработуваат оптимално. Со новиот модел, фокусот се префрла на крајниот производ, каде DRI лидерите треба да гарантираат дека перформансите и полираноста на интерфејсот се на највисоко ниво пред која било нова функција да биде достапна за јавноста.

Дел од промените кои треба да го однесат Windows 11 во подобар правец веќе се официјално најавени, а една од тие промени е поедноставувањето на Windows Insider програмата.

Целата објава од Windows Central можете да ја прочитате тука, а ќе видиме во периодот што следи дали Microsoft навистина ќе успее да врати, барем дел, од квалитетот и популарноста на Windows.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img