HomeМакедонијаЛани во Македонија 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен...

Лани во Македонија 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, објави Здружението за заштита при работа

- Advertisement -spot_img

Во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход, покажува извештајот што по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа – 28 април го објави Македонското здружение за заштита при работа.

Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, воспоставен од Меѓународната организација на трудот (ILO), има за цел да ја подигне свеста за значењето на превенцијата на повредите при работа и унапредувањето на безбедните и здрави работни услови. Овој ден претставува потсетник дека секоја несреќа може и треба да биде спречена преку систематски пристап, едукација и одговорност од сите засегнати страни.

Според податоците презентирани во извештајот, во текот на 2025 година се евидентирани 132 несреќи при работа, од кои 31 со смртен исход.

„Посебен осврт во извештајот е даден на трагични настани кои ја одбележаа годината, вклучително и пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, кој дополнително ја нагласи важноста од доследно почитување на прописите за безбедност, управување со ризици и ефективен инспекциски надзор. Токму затоа, анализата на повредите треба да ја користиме како алатка за учење, а не за критика. Веруваме дека секоја несреќа може да се спречи со правилно планирање, соодветна обука и постојана будност“, велат од здружението.

Од таму велат дека безбедноста и здравјето при работа не се избор, туку обврска и дека секој работник има право да се врати дома безбедно, а секој работодавач има должност да го обезбеди тоа.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img