HomeХроникаМалолетник со „ауди“, без возачка, се судрил со мотоциклист во тетовско

Малолетник со „ауди“, без возачка, се судрил со мотоциклист во тетовско

- Advertisement -spot_img

Малолетник возел „ауди“ во тетовско при што се судрил мотоцикл. 

– На 26.04.2026 во 19:30 часот на локалниот пат Милетино – Блаце, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово лишиле од слобода 17-годишник од село Челопек, тетовско. Тој управувал патничко возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола и учествувал во сообраќајна незгода со мотоцикл „кавасаки“, управуван од Љ.С.(40) од село Јанчиште, информираа од тетовската полиција. 

Нема информации за повредени лица. 

Возилото е одземено, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img