HomeТехнологијаПаметните очила на Apple носат четири иновации што ги немаат уредите на...

Паметните очила на Apple носат четири иновации што ги немаат уредите на Meta и Google

- Advertisement -spot_img

Уредот кој се развиваше во тајност, Apple N50 изгледа повеќе не е толку таен, бидејќи веќе знаеме неколку важни работи за него – запознајте ги паметните очила од Купертино
Само што ги споменавме паметните очила на компаниите Google и Meta – еве нови! Компанијата Apple, како што претходно известивме, се подготвува за влез на пазарот на паметни очила. Со тој пазар моментно доминира Meta со своите Ray-Ban модели. Новиот уред, познат под кодното име Apple N50, би можел да биде претставен веќе оваа или на почетокот на следната година.

Иако се очекуваше Apple многу порано да влезе во оваа категорија, развојот доцнеше поради технички предизвици. Засега единствениот реализиран производ од тој сегмент е Apple Vision Pro, претставен во 2024 година. Сепак, се чини дека Apple сега се обидува да го стигне чекорот, но и да понуди поинаков пристап.

Според информациите што ги пренесува Марк Гурман од Bloomberg, Apple планира да се разликува преку четири клучни елементи.

Какви промени носат паметните очила на Apple

Првиот и најважен е длабоката интеграција со постоечкиот екосистем. Очила би требало да бидат тесно поврзани со iPhone уредите, како и со Apple Watch и AirPods слушалките. Токму ваквиот пристап веќе ја покажа предноста преку функции како AirDrop споделување или автоматско поврзување, па Apple се обидува истиот модел да го пренесе и во новата категорија.

Вториот важен аспект е дизајнот и квалитетот на изработка. Apple тестира повеќе варијанти на рамки, вклучувајќи правоаголни и овални модели. Компанијата користи материјали како ацетат, кои треба да донесат премиум чувство и поголема издржливост во споредба со пластиката. Погодувате – пластиката е материјал кој најчесто се користи кај конкуренцијата.

Третата разлика се однесува на хардверот. Apple би можел да користи сопствени чипови за обработка на звук, поврзување и други функции. Слично како кај постоечките решенија како H2 или други интерни чипови. Иако дел од функционалностите ќе зависат од iPhone уредот, контролата над целиот систем дава дополнителна предност во оптимизацијата.

Четвртиот потенцијален адут е унапредена верзија на Siri асистентот. Се очекува новата Siri значително да биде подобрена и базирана на Google Gemini модели. Сепак, реалните можности на овој систем ќе бидат појасни дури по официјалното претставување.

Apple N50 ќе биде концепт уште некое време

Сепак, Apple засега не цели кон целосна проширена реалност. Според достапните информации, компанијата сè уште има проблеми да ги спои квалитетниот AR приказ, компактната форма и задоволителната автономија на батеријата. Поради тоа, вистинските AR модели се очекуваат дури околу 2030 година.

Затоа Apple N50 паметните очила претставуваат преоден чекор – уред кој носи паметни функции и интеграција, но без целосно AR искуство. Нивниот успех ќе зависи пред сè од тоа колку Apple ќе успее да го искористи сопствениот екосистем и да го унапреди корисничкото искуство.

Доколку плановите се остварат, Apple во наредниот период би можел да ја прошири понудата и на други нови категории уреди, вклучувајќи виткави телефони и нови формати на компјутери, што укажува на поширока стратегија за влез во повеќе сегменти истовремено

Konekt.mk

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img