HomeМакедонијаКоњановски: постигната спогодба со битолските пожарникари – ќе се исплатат разликите во...

Коњановски: постигната спогодба со битолските пожарникари – ќе се исплатат разликите во плати од 2022 до 2025

- Advertisement -spot_img

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, информираше дека е потпишана спогодба со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица за решавање на индивидуален работен спор, со што ќе се изврши исплата на разликата во плати за периодот од ноември 2022 до февруари 2025 година.

Со постигнатиот договор се избегнуваат судски постапки, а исплатата на средствата ќе започне веднаш. Коњановски посочи дека уште од почетокот на неговиот мандат бил запознаен со проблемите со неисплатените обврски кон пожарникарите и дека постепено се работело на нивно решавање.

„За многу прашања најдовме решение, вклучително и за колективниот договор, а со оваа последна спогодба го затвораме и преостанатиот дел од обврските. Го прифативме и вештачењето за сето она што треба да се исплати, односно за сработеното“, изјави Коњановски.

Тој додаде дека со пожарникарите разговарале и за текот на изградбата на новиот објект на противпожарната единица во Битола, кој треба да обезбеди значително подобри услови за работа.

Од Општината очекуваат со ова да се затвори едно од подолгите отворени прашања и да се подобри состојбата во службата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img