Денеска во Кривичниот суд се одржува рочиште за судењето на 13 полициски службеници кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
На претходното рочиште, судењето беше одложено по барање на адвокатите на обвинетите Кире Богатинов и Кристина Николовa, поради нивни обврски во друг притворски предмет со приоритет. Според обвинението, полициските службеници се товарат за пропусти поврзани со трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.








