HomeСветХелсинки го отвори најдолгиот пешачки мост во светот

Хелсинки го отвори најдолгиот пешачки мост во светот

- Advertisement -spot_img

Најдолгиот пешачки мостови во светот неодамна беше отворен во Хелсинки, носејќи ново, впечатливо архитектонско решение и подобрувајќи ја поврзаноста помеѓу делови од градот.

Станува збор за мостот Круунувуренсилта, кој со 1.191 метар е најдолгиот и највисок мост во Финска. Оваа модерна структура ги поврзува областите Коркеасаари и Круунувуренранта, и интересно е што е наменет исклучиво за пешаци, велосипедисти и јавен превоз, додека сообраќајот на автомобили е целосно исклучен.

Изградбата на мостот значително го скрати растојанието помеѓу Круунувуренранта и центарот на градот од претходните 11 километри на само пет и пол, што се очекува да го олесни и да го забрза движењето на жителите, но и дополнително да го развие овој дел од Хелсинки.

Градоначалникот на Хелсинки, Даниел Сазонов, истакна дека мостот претставува „нов, уникатен и возбудлив симбол на градот“, нагласувајќи ја неговата важност не само за инфраструктурата, туку и за идентитетот на главниот град.

Проектот е дел од пошироката стратегија на Хелсинки за поттикнување на одржлив транспорт и намалување на зависноста од автомобили, со поголем фокус на јавниот превоз, велосипедските и пешачките патеки. Новиот мост, исто така, се вклопува во трендот на модерните европски градови кои сè повеќе инвестираат во зелена инфраструктура и урбан развој пријателски кон луѓето.

Се очекува мостот Круунувуренсилта наскоро да стане не само важна транспортна врска, туку и една од најпрепознатливите туристички атракции во градот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img