Денеска, заедно со претседателот на Советот, Бојкоски, присуствувавме на фудбалскиот турнир по повод 10-годишнината од постоењето на „Конзули ветерани“ од Битола, изјави градоначалникот Тони Коњановски.
Тој нагласи дека станува збор за настан кој ги обединува пријателството, традицијата и љубовта кон фудбалот, додавајќи дека ваквите спортски собири имаат посебно значење за заедницата.
На турнирот учествуваат домашни екипи од Битола, како и екипи од Србија и Бугарија, што дополнително придонесува за меѓународен спортски дух и дружење.
Коњановски им го честиташе значајниот јубилеј на организаторите и им посака добредојде и пријатен престој на гостите во градот.








