HomeСвет„Ројтерс“: САД ќе ги одложат испораките на оружје за некои европски земји...

„Ројтерс“: САД ќе ги одложат испораките на оружје за некои европски земји поради војната на Блискиот Исток

- Advertisement -spot_img

Американските претставници ги информирале своите европски колеги за доцнењата во испораката на одредени нарачки за оружје поради војната со Иран, објави британската агенција „Ројтерс“ на својата веб-страница денес, повикувајќи се на извори блиски до ова прашање.

Неименуваните извори прецизираа дека неколку земји би можеле да бидат погодени од доцнењата, вклучувајќи ги балтичките и скандинавските земји.

Дел од оружјето е купено во рамките на програмата на Министерството за одбрана на САД за продажба на воена опрема во странство, но сè уште не е испорачано, соопштија истите извори.

Дотичните земји биле информирани за можните доцнења во последните денови преку билатерални комуникации.

Извори блиски до министерствата за одбрана на Естонија и Литванија денес изјавија за Ројтерс дека Соединетите Американски Држави (САД) ги информирале за можните доцнења во испораката на воена опрема поради војната на Блискиот Исток.

„Американската војска е најмоќна во светот и ние гарантираме дека американските сили и оние на нашите сојузници и партнери ги имаат ресурсите што им се потребни за да се борат и да победат“, изјави неименуван портпарол на „Пентагон“.

„Од оперативна безбедност причини, нема да коментираме за барањата од одредени сојузници или партнери или за тековните напори за нивна поддршка“, додаде портпаролот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img