HomeМакедонијаТрамп објави примирје, Европа прави сојуз без САД: 30 земји на итен...

Трамп објави примирје, Европа прави сојуз без САД: 30 земји на итен состанок за Ормускиот теснец

- Advertisement -spot_img

Конфликтот меѓу САД, Иран и Израел влезе во 47-от ден, а ситуацијата доби нов пресврт откако Доналд Трамп објави дека Израел и Либан постигнале десетдневен прекин на огнот, кој стапи во сила синоќа. Овој чекор се смета за обид да се отвори простор за поширок мировен договор во регионот.

По договорот, Трамп најавил средба во Белата куќа со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и либанскиот претседател Џозеф Аун, која би требало да се одржи во наредните две недели.

Паралелно со ова, Европа презема сопствена иницијатива која не ги вклучува САД. Францускиот претседател Емануел Макрон и британскиот премиер Кир Стармер денеска копретседаваат со конференција посветена на безбедноста на Ормуски теснец. На состанокот учествуваат околу 30 земји, меѓу кои е поканета и Кина, но не и САД, што дополнително ја нагласува новата геополитичка динамика.

Европските земји, како Белгија, Холандија и Франција, изразиле подготвеност да учествуваат во операции за обезбедување на слободна пловидба низ теснецот. Француската министерка за одбрана истакнала дека тие располагаат со капацитети за деминирање, како и за придружба на бродови, нагласувајќи дека ваквите мисии би имале исклучиво одбранбен карактер.

Во меѓувреме, Бенјамин Нетанјаху потврди дека се согласил на привремен прекин на огнот со Хезболах, со цел да се создадат услови за историски мировен договор со Либан. Според него, ваквиот развој е резултат на променетиот баланс на сили во регионот и зголемената подготвеност за директни преговори.

Од друга страна, Трамп повторно испрати силна порака дека Иран претставува глобална закана и нагласи дека е клучно светските лидери да ја разберат сериозноста на ситуацијата. Тој додаде дека е блиску договор со Иран со кој земјата би се откажала од нуклеарно оружје, не само во наредните 20 години, туку и на подолг рок.

Сепак, ситуацијата на терен останува нестабилна. Либанската армија соопшти дека израелските сили веќе неколкупати го прекршиле примирјето, со напади и гранатирање на повеќе населени места во јужниот дел на земјата. Израелската страна засега не се огласила по овие обвинувања.

Во меѓувреме, европските лидери се собираат во Париз, каде што, покрај Емануел Макрон, присуствуваат и германскиот канцелар и италијанската премиерка, со цел да се разгледа формирање меѓународна мисија за обезбедување на клучниот морски коридор.

Европскиот совет го поздрави примирјето, оценувајќи го како позитивен чекор, но истакна дека е неопходно тоа да се спроведе и потврди на терен. Воедно, беше нагласено дека само сериозни преговори можат да донесат долгорочна стабилност во регионот.

Иран, пак, го поздрави прекинот на огнот, наведувајќи дека тој е дел од пошироките дипломатски напори во кои посредувал Пакистан, со цел да се постигне истовремено смирување на тензиите во целиот регион.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img