HomeМакедонијаМеџити: Чаир добива нов лик - Реконструкција на улицата „Дижон 15“ со...

Меџити: Чаир добива нов лик – Реконструкција на улицата „Дижон 15“ со фокус на клучна инфраструктура

- Advertisement -spot_img

Општина Чаир започна нов инфраструктурен проект на улицата „Дижон 15“, со кој ќе се интервенира во водоводната и фекалната канализациска мрежа, соопшти градоначалникот Изет Меџити при увид на терен.

Проектот предвидува целосна реконструкција на главната водоводна мрежа во должина од 197 метри, како и изведба на 25 приклучоци за домаќинствата. Паралелно ќе се работи и на обновување на фекалната канализација во должина од 180 метри.

Меџити истакна дека инвестициите во основната инфраструктура се приоритет, бидејќи директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните.

„Инвестираме во основната инфраструктура, таму каде што ефектот е најдиректен врз квалитетот на животот. Со овој проект обезбедуваме подобри услови и повисок стандард за жителите“, изјави тој.

По завршувањето на подземните работи, улицата ќе биде целосно асфалтирана, со што ќе се подобри нејзината функционалност и уреденост.

Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата, во рамки на првиот повик за поддршка на локалната инфраструктура.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img