HomeМакедонијаВладата ја продолжи кризната состојба до 20 јули поради продолжени ризици за...

Владата ја продолжи кризната состојба до 20 јули поради продолжени ризици за снабдување со нафта и нафтени деривати

- Advertisement -spot_img

Собранието денеска на пленарна седница го усвои Предлогот за одобрување на продолжување на рокот за кризна состојба на територијата на Македонија, поради продолжените ризици од нарушување на снабдување со нафта и нафтени деривати.

Претходно Предлогот доби поддршка од Комисијата за одбрана и безбедност. Кризната состојба се продолжува до 20 јули 2026 година, а ќе почне да се применува од 21. април, откако ќе биде објавена во „Службен весник“.

Пратениците беа информирани дека продолжувањето на кризата е условена од неповолната безбедносна и енергетска состојба по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток и сериозните нарушувања во транспортот на сурова нафта во Ормутскиот теснец.

Со денешното гласање, Собранието ѝ даде овластување на Владата и на надлежните институции и во наредниот период да продолжат со координирано управување со состојбата и со примена на мерки за обезбедување сигурно снабдување со енергенси.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img