домаМакедонијаАларм од Блок 70: има неподнослива смрдеа на запалена пластика, сведочат граѓаните

Аларм од Блок 70: има неподнослива смрдеа на запалена пластика, сведочат граѓаните

- Advertisement -spot_img

Жителите од Блок 70 вечерва се соочуваат со неподнослива смрдеа“ која се шири низ целиот реон. Според сведоштвата на граѓаните, мирисот е специфичен на запалена пластика и е толку силен што предизвикува потешкотии при дишењето.

„Смрди на изгорена пластика, не се издржува. Веруваме дека цел град го чувствува ова. Што е работава?“ – вели еден загрижен граѓанин во својата порака до редакцијата.

До кога тетовци ќе ги затвораат прозорците среде ноќ за да се спасат од токсични испарувања, велат граѓаните во дописот до Тетово инфо, со сомневање на граѓанска несовесност и запалено ѓубре.

На прашањето до тетовската противпожарната единица дали кај нив евентуално е пријавен пожар па се интервенира, соопштија дека вечерва немале таков повик за Тетово. Имало пријавен пожар во шумскиот дел во близина на Боговиње, каде се упатени екипи за интервенција.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img