Новинарот Мирче Адамчевски смета дека и покрај можноста за протерување од Унгарија, враќањето на Никола Груевски во Македонија не значи и политички камбек.
„После изјавата на Маѓар би требало да очекуваме дека Груевски ќе биде протеран од Унгарија, но дали ќе биде екстрадиран во Македонија тоа е големо прашање“, оценува Адамчевски.
Тој укажува и на правните пречки, нагласувајќи дека меѓународна потерница не е клучен фактор во моментов. Дополнително, според него, актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ нема интерес да му отвори простор за враќање во политиката.
„Мислам дека Мицкоски нема да дозволи Груевски да направи повторна политичка кариера“, вели Адамчевски.
Сепак, тој остава отворено прашање за судската разврска: „Не сум загрижен за Груевски, но како ќе се постави ВМРО-ДПМНЕ, дали ќе го одстранат да нема никакво влијание – тоа останува да се види“.








