Скопјанец се заканувал со остри предмети при вршење семејно насилство во скопско, ноќта по Велигден. При инцидентот повредени се неговите син и ќерка.
– На 13.04.2026 во 00:40 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Н.Д.(45) од Скопје, поради тоа што на 12.04.2026 во домот физички ја нападнал неговата 41-годишна сопруга, искршил дел од покуќнината, а потоа и со остри предмети упатувал закани. Потоа, според пријавеното, неговите ќерка и син при обид да му ги земат острите предмети се здобиле со расекотини, соопштија од полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








