HomeМакедонијаОнколошките пациентки без таблетарна биолошка терапија

Онколошките пациентки без таблетарна биолошка терапија

- Advertisement -spot_img

Дел од онколошките пациентки со рак на дојка алармираат дека веќе некое време немаат таблетарна биолошка терапија. Една од пациентките за Телевизија 24 објаснува дека терапијата ја нема пет недели и поради тоа пациентките се во страв дека болеста не може да се лекува во континуитет.

Вели дека биолошката терапија за нив е единствениот пат до живот.

Анонимна пациентка

– Терапијата ја нема веќе 5 недели што значи повеќе не може да стане збор за запазување на циклусот на примање на терапијата туку негово целосно пореметување.Она што нас пациентите ни создава немир, а за кои оваа терапија значи континуитет на, да речеме – добра состојба, е релативизирањето на временскиот рок за кој се очекува лекот да пристигне. Ретко која од нас може да одвои 3000 евра за месечна доза и да сонува дека еден ден наскоро ќе дојде лекот. Биолошката терапија за нас е единствен пат до живот.

Од Министерството за здравство за Телевизија 24 велат дека ја имаат целокупната терапија за пациентите освен еден од инхибиторите. Според нив недостигот е поради тоа што бројот на пациентки со рак на дојка пораснал.

Министерство за здравство

– Во моментов, заради административни причини има времен застој во достапноста на еден од инхибиторите, кој е дел од сеопфатниот третман на пациентките со рак на дојка. Причините се поврзани со постапките за набавка и испорака, а се преземаат активности за што побрзо надминување на состојбата. Станува збор за „палбоциклиб“, терапија која ја примаат 142 од вкупно 7.000 жени со дијагностициран рак на дојка и лекот наскоро ќе биде повторно достапен. Недостигот настанал бидејќи кон крајот на 2025 година се појавила неочекувано голема потреба. Имено, биле планирани количини за 80 пациенти, но реалната бројка пораснала на 142.

Дополнително, за Телевизија 24, дел од онколошките пациенти кои се на боледување алармираа и дека им доцни исплатата и се оставени без пари. Од Фондот за здравство велат дека до нив нема стигнато поплака за доцнење на боледувањата и објаснуваат дека исплатата се одвива тековно и нема застој.

Фонд за здравство

– Нема застој, секој втор ден се исплаќаат боледувањата. Немаме реакции за доцнење. Обично кога има доцнења веднаш реагираат таму.

Во однос на лековите за пациентките болни од рак на дојка, од Министерството за здравство информираат дека буџетот за 2026 ќе биде зголемен за 50 проценти за два лека во оваа категорија.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img