домаМакедонијаМарјана Дода одликувана со признанието „Илинден“ за својот новинарски придонес

Марјана Дода одликувана со признанието „Илинден“ за својот новинарски придонес

- Advertisement -spot_img

Благодарницата и беше доделена по повод 17-годишнината од формирањето на друштвото.

„Ми претставуваше посебна чест, во име на Македонското друштво ‘Илинден’ – Тирана и Македонското национално малцинство во Република Албанија, лично да ѝ ја врачам благодарницата “Илинден” за 2026 година на г-ѓа Марјана Дода, главен и одговорен уредник на ”Аргументум.ал“, изјави Ѓурѓај.

Фото: Македонскиот весник “Илинден”

Благодарницата беше доделена и по повод 15-годишнината од издавањето на македонскиот весник „Илинден“, како знак на благодарност за нејзините напори и континуираната поддршка на Македонците во Република Албанија, како и за нејзиниот придонес во Македонското друштво “Илинден“- Тирана.

„Честитки и благодарност за вашата неуморна посветеност“, рече Ѓурѓај.

Главната и одговорна уредничка на “Аргументум.ал“, Марјана Дода, изрази искрена благодарност до Македонското друштво “Илинден“-Тирана и неговиот претседател Никола Ѓурѓај за доделената благодарница “Илинден“, оценувајќи ја оваа чест како мотивација за понатамошен професионален ангажман во служба на информирањето и вистината.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img