Македонската женска ракометна репрезентација го претрпе четвртиот пораз во квалификациите за Европското првенство, овојпат на домашен терен од Германија со 35:27.
Германките допатуваа со перфектен скор, четири победи од исто толку натпревари, својата доминација ја презентираа и во нашата земја. Македонија се носеше рамноправно само во воведните минути, до 4:4. Потоа Германките направија серија од 3:0, се одлепија и го контролираа резултатот. Во текот на првиот дел имаа и осум гола предност, беше 18:10, сепак намаливме малку од негативата, па на одморот заминавме со минус пет 19:14. Во вториот дел Германките ја контролираа играта и резултатот и ја одржуваа високата предност до конечна победа за нив од 35:27.
Најефикасна во нашата репрезентација беше Кипријановска со шест голови, Јанкуловска и Стефаноска постигнаа по четири. Во последното коло од квалификациите Македонија и гостува на Словенија, тој меч се игра на 12. април.
Македонија е претпоследна на табелата со една победа и четири порази, зад нас е Белгија, а пред нас се Германија и Словенија. Нашата репрезентација се уште не ги загубила шансите за континенталниот собир до кој може да дојде како една од четририте најдобро третопласираните селекции.








