HomeМакедонијаИвана пријавила на 112 дека Стојанче не ја пушта дома и дека...

Ивана пријавила на 112 дека Стојанче не ја пушта дома и дека во станот чува дрога, а операторот ѝ рекол да ги бара куќниот совет или пожарна

- Advertisement -spot_img

Аудиоснимка од Центарот за итни случаи 112, презентирана како доказ во судница, открива вознемирувачки детали од комуникацијата на сега починатата Ивана Јовановска, која на 15 октомври 2025 година пријавила инцидент поврзан со нејзиниот сопруг – осомничениот Стојанче Јовановски.

Во повикот, Ивана информира дека нејзиниот сопруг во нивниот стан на булевар „Теодосиј Гологанов“ во Скопје чува дрога, како и дека не ја пушта да влезе дома.

„Сакам да пријавам дека во мојот стан сопругот чува дрога“, се слуша како вели таа, и бара итно да биде поврзана со полиција.

Од снимката се слуша дека операторот побарал дополнителни информации, вклучително и идентитет на лицето, но Јовановска инсистира на итна реакција.

Во текот на разговорот, таа директно му се обраќа на сопругот од другата страна на вратата: „Ќе отвориш или да те пријавам?“, по што додава „А, сигурен си?“ – момент по кој повикот завршува.

Судот посочи дека овој разговор не е изолиран, туку е поврзан со уште еден повик направен истиот ден во 08:38 часот. Во претходниот разговор, Јовановска побарала совет како да постапи откако ѝ бил оневозможен пристап до сопствениот стан.

Наместо директна интервенција, операторот ѝ предложил да се обрати кај куќниот совет, а како алтернатива – да биде поврзана со противпожарната служба. Таа појаснила дека куќниот совет нема пристап до станот и повторно побарала полиција, но добила ист одговор.

„Не ми е проблем да се скрши вратата“, вели Јовановска во разговорот.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img