„Мала од скандала“, пејачката Јелена Карлеуша, повторно ја разбранува јавноста со своите провокативни изјави. Таа вчера се појави на снимањето на музичкото шоу „Пинкови ѕвезди“, каде што отворено зборуваше пред камерите за актуелните теми што ја тресат естрадата. Таа се осврна на хит-пејачот Јаков Јозиновиќ, кој изведува туѓи хитови, нагласувајќи дека тоа може да биде краток успех, но не рецепт за долга кариера.
– Секој може да има пет минути слава додека трае таквата треска. Но кога ќе исчезнеш, ќе останеш без ништо – без пари, без менаџер. Само оние што снимаат свои песни ќе траат, а Јаков нема свои песни – изјави Карлеуша, додавајќи дека нејзините зборови честопати се вадат од контекст во медиумите.
Пејачката, која се расправа со многумина, жестоко реагираше и на изјавата на пејачката Милица Павловиќ, која рече дека не би ѝ се јавила на улица и дека би ѝ зависела реакцијата од расположението.
– Зошто воопшто ја прашуваат таа Милица за мене? Срам да ѝ е! Какво е тоа нејзин однесување? Примитивно! Ете какво е. Бог да чува, од расположението ѝ зависи како ќе реагира кога ќе ме види на улица! – вели револтираната Карлеуша.
Сепак, најголем стрес кај обожавателите предизвика приказната на Карлеуша поврзана со Светлана Цеца Ражнатовиќ. Провокативната Јелена потврди дека некои хит-песни биле наменети за неа, но на крајот од краиштата, Цеца ги испеа. Па така, композиторот Александар Милиќ-Мили (кого го гледаме во „Ѕвездите на Гранд“, во жирито) ѝ се јавил на Карлеуша и ѝ соопштил дека песната „Вретено“ ќе ѝ припадне на Цеца. Така наредил Жељко Ражнатовиќ-Аркан, поранешниот сопруг на Цеца.
– Можеме да се мразиме и расправаме уште 150 години, но Цеца ги пее тие песни што требаше јас да ги пеам. Многу од нив требаше да бидат мои, но кога ќе ѝ се заканеше Аркан, таа мораше да ги пее – откри Карлеуша, потенцирајќи дека поради ова сега имаме нов естраден скандал.








