HomeМакедонијаБожиновска: Партнерството со Австрија носи нови можности за развој на енергетиката и...

Божиновска: Партнерството со Австрија носи нови можности за развој на енергетиката и младите

- Advertisement -spot_img

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска порача дека партнерството меѓу Северна Македонија и Австрија носи нови можности за развој, иновации и вклучување на младите во енергетскиот сектор.

На настанот „Енергија што поврзува: Северна Македонија – Австрија, партнерство за иднината“, во организација на Министерството и во соработка со Амбасадата на Република Австрија, учествуваа претставници од институциите, академската заедница, приватниот сектор, како и професори и студенти од техничките науки.

Божиновска истакна дека ваквите средби се клучни за градење на одржливи партнерства и конкретни проекти, особено во делот на поддршка на младите.

„Кога институциите, академијата, приватниот сектор и младите седнуваат на иста маса – се создава иднината“, нагласи министерката.

Таа информираше дека со амбасадорот Мартин Памер и присутните се разговарало за конкретни чекори за унапредување на соработката, вклучително и вмрежување на домашните факултети со европските, нови заеднички проекти и отворање повеќе можности за младите да стекнуваат знаење и да го применуваат во земјава.

Посебен акцент бил ставен и на зголемување на улогата на жените во енергетиката, како и на успешните примери на соработка меѓу академијата и индустријата.

Како пример за тоа, беше посочен професорот Сашко Ристов, кој преку академска соработка реализирал проект вреден два милиони евра со МЕПСО и ЕВН за модернизација и дигитализација на преносната мрежа.

„Ова не се само настани, туку мостови кон нови можности, идеи и иднина“, потенцираше Божиновска.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img