домаРегионДевојка скокнала од петтиот кат на Филозофскиот факултет во Белград

Девојка скокнала од петтиот кат на Филозофскиот факултет во Белград

- Advertisement -spot_img

Неколку екипи на српската полиција утрово беа во зградата на Филозофскиот факултет во Белград каде синоќа се случи инцидент каде беше пронајдено телото на млада жена на возраст од околу 25 години.

Началникот на полициската управа Стари Град, Раденко Ресановиќ, извести дека сигналот е примен во 22:40 часот по локално време, по што полицајците пристигнале на местото на настанот.

Според првичните извештаи од очевидци, пиротехнички средства биле активирани и запалени на петтиот кат од факултетот, по што жената, за која се верува дека е студентка, скокнала од прозорец.

Пиротехничките средства биле изгаснати по некое време од страна на вработени во факултетот, а во моментов не е јасно како биле внесени во зградата.

Ресановиќ нагласи дека неправилната употреба на вакви средства е неприфатлива и може да доведе до сериозен ризик за животот и безбедноста на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img