Безидејноста и пропаста на СДСМ одат до таму што застануваат зад секој кој ќе најави протести. Зад денешните протести јавноста јасно виде дека наместо ССМ, стои СДСМ односно нивни луѓе ги организираат работниците низ Македонија за да дојдат денес во Скопје, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на пратеникот Бране Петрушевски.
Колку за илустрација, во Тетово, како и од тој регион работниците ги организираше истакнатиот член на СДСМ, Мирослав Павловски.
Работниците од Струмица и околината ги организираше Бранко Георгиев. Тој е поранешен раководител во струмичкото Јавно претпријатие „Комуналец“ во време на СДСМ.
Оливер Трајковски кој води штаб на СДСМ во Куманово и е вработен во тамошното Јавно претпријатие „Чистота и зеленило“ ги организира работниците од Куманово и кумановско.
И сите овие како и други од СДСМ кои се во организацијата на денешниот протест, наместо да ја зајакнуваат партијата која се движи кон пропаст да не кажеме исчезнување, тие решиле да си организираат протести на ССМ.
Барањата на работниците се едно и работниците имаат право да бараат остварување на истите.
Но, начинот на кој се организирани овие денешни протести е се само не синдикална активност и борба за остварување на работничките права.
Овие примери и организацијата на денешниот протест покажува само едно дека стои знак на равенство помеѓу ССМ и СДСМ или ако сакате СДСМ е еднакво на ССМ.
ВМРО-ДПМНЕ како партија се грижи за секој еден граѓанин, но ова што го прават СДСМ и ССМ е измама.








