HomeМакедонијаАдвокатите на обвинетите од случајот "Пулс" бараат спојување на постапките: „Не...

Адвокатите на обвинетите од случајот “Пулс” бараат спојување на постапките: „Не може да има два предмети за една ист настан“

- Advertisement -spot_img

Адвокатите на дел од обвинетите во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани бараат спојување на постапките, со образложение дека за еден ист настан не може да постојат два одвоени судски предмети. Според нив, раздвојувањето на постапките може да доведе до правна конфузија и различни судски одлуки за исти факти.


Одбраната упатила иницијатива до стручниот колегиум на Јавното обвинителство, како и до вршителката на должност шефица на републичкото обвинителство, Анита Тополова Исајловска, со барање да се ревидира обвинението и да се разгледа можноста за обединување на предметите.


Во иницијативата на бранителите се наведува дека обвинителниот акт поднесен на 13 јуни 2025 година треба да биде преиспитан, а за дел од обвинетите дури се бара и повлекување на обвинението. Според адвокатите, има лица кои во моментот на трагедијата немале директни овластувања или дејствија поврзани со настанот.


Одбраната нагласува дека некои од обвинетите веќе не биле на функција во институциите – нивните мандати завршиле пред седум месеци, две години или дури дванаесет години – и затоа не можеле да се доведат во директна врска со пожарот.


Адвокатите се повикуваат и на одлуката на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, кое ја раздвоило постапката за полициските службеници. За дел од нив е поднесено обвинение за тешки дела против општата сигурност, додека за други се води постапка за злоупотреба на службената должност и давање лажни информации.
Во иницијативата се нагласува дека обвинението за тешки дела против општата сигурност се однесува само на лица кои имале директни службени обврски во периодот од 14 до 16 март 2025 година, односно во времето кога се случил пожарот.


Од Јавното обвинителство засега нема официјален став за иницијативата. Од институцијата посочиле дека нема да коментираат документ додека не го добијат, ниту дали ќе биде разгледан на стручен колегиум.
Судскиот процес за трагедијата во дискотеката „Пулс“ е еден од најголемите во поновата македонска историја. Во пожарот загинаа 63 лица, а повеќе од 220 беа повредени, додека на обвинителна клупа се 35 физички и три правни лица.


Одбраната смета дека со спојување на постапките би се обезбедила единствена примена на законите и појасна правна рамка, додека во спротивно постои ризик од различни судски одлуки за истиот настан.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img