HomeМакедонијаОмерагиќ: Регионалната соработка е двигател за развој на Македонскиот фудбал

Омерагиќ: Регионалната соработка е двигател за развој на Македонскиот фудбал

- Advertisement -spot_img

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, во „Куќа на фудбалот“ оствари средба со директорот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Емир Спахиќ, при што беа разменети искуства и идеи за унапредување на фудбалот.

Како што информира Омерагиќ, на состанокот било разговарано за организацијата, стручната поставеност и развојните процеси во националните селекции, со посебен акцент на работата со младинските категории и интеграцијата на талентираните играчи од дијаспората.

Тој го истакнал позитивниот пример на босанската репрезентација, предводена од селекторот Сергеј Барбарез, која во изминатиот период бележи напредок благодарение на системската работа.

„Ваквите средби се значајни за размена на знаења и зацврстување на регионалната соработка, која е важна за развојот на фудбалот“, истакнал Омерагиќ.

Спахиќ на средбата посакал успех на македонската репрезентација, а од ФФМ нагласуваат дека преку заедничка посветеност и јасна стратегија ќе продолжат со развој на фудбалот во земјата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img