Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали денеска ќе престојува во официјална работна посета на Киев, Украина.
Во рамки на посетата, министерот Сали ќе учествува на заедничка комеморативна церемонија во чест на загинатите бранители на Украина и ќе оствари повеќе средби со високи претставници на украинските институции, задолжени за европската и евроатлантската интеграција.
Од Министерството за европски прашања информираат дека посетата има за цел продлабочување на билатералната соработка, размена на искуства во процесот на европска интеграција и изразување поддршка за Украина.








