домаМакедонијаИванов: Треба да го прифатиме економското интегрирање во ЕУ, но и ние...

Иванов: Треба да го прифатиме економското интегрирање во ЕУ, но и ние секој ден и подаруваме по 500 000 евра

- Advertisement -spot_img

Со оглед дека Европската Унија продолжува со својата недоследност и стратегија на подвижни цели, листата на неостварени очекувања постојано се зголемува. Меѓутоа, доколку навистина се стави на маса проект којшто ќе оозможи интеграција на Западниот Балкан во единствениот пазар, тоа треба да се прифати без никаква задршка. Влезот во единствениот пазар целосно го исцрпува проектот на интеграција во ЕУ.

Ова беше дел од мислењата на говорниците на панелот „Односите на Западен Балкан и ЕУ во променлив политички, безбедносен и економски пејзаж“, во рамки на Меѓународната конференција на Паневропската унија што втор ден по ред се одржува во Скопје.

Поранешниот македонски претседател Ѓорѓе Иванов, како главен говорник на панелот, поосочи дека секогаш кога земјава се доближувала до поставената цел од страна на ЕУ, целта се поместувала, и така во недоглед, со што се зголемува и листата на нашите неостварени очекувања.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img