домаМакедонијаОмерагиќ: Македонските судии се подготвуваат за влез во европската елита

Омерагиќ: Македонските судии се подготвуваат за влез во европската елита

- Advertisement -spot_img

Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, порача дека Федерацијата активно вложува во развојот на судиите, со цел нивно позиционирање на највисоките европски натпреварувања.

Тој информираше дека во рамки на напредната едукација на судиите од Првата македонска фудбалска лига, во земјава престојувал шефот на судиите на УЕФА, Роберто Росети, кој учествувал и во доделувањето на ФИФА амблеми за македонските интернационални судии.

„Сè зависи од вас. Сакаме да ве гледаме во Лигата на шампионите и на Европските првенства“, била пораката што Росети им ја упатил на судиите.

Омерагиќ истакна дека ФФМ создава услови за напредок преку ангажирање врвни едукатори и изградба на систем кој ќе обезбеди квалитетно судење.

„Од судиите очекуваме посветеност, континуирано учење, чесност и подобри изданија на теренот. Верувам во македонските судии и во нивниот потенцијал да бидат дел од најголемата европска сцена“, нагласи Омерагиќ.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img