Во излагање на националната телевизија Канал 5, премиерот Христијан Мицкоски изјави дека на владината листа за државен јавен обвинител има три имиња, но не и поранешната обвинителка од СЈО, Ленче Ристоска.
Претходно, Совет на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица од пет кандидати. Поддршка добија Анита Тополова-Исајловска, Ленче Ристоска, Ненад Савевски и Лидија Раичевиќ. За Владимир Панчевски беше утврдено дека не ги исполнува законските услови во однос на работниот стаж.








