домаМакедонијаМуцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

Муцунски: Да ја засилиме економската соработка со Словачка

- Advertisement -spot_img

Автомобилската индустрија и енергетиката се само некои од секторите во кои Македонија и Словачка може да ја интензивираат економската соработка, а потенцијалот за зголемување на деловното партнерство е голем – оцени денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Македонско-словачкиот бизнис-форум, што се одржува во Скопје.

Како што рече Муцунски, форумот е одлична можност за директни средби на стопанствениците од двете страни.

– Ние сме фокусирани не само на привлекување инвестиции туку и на зголемување на извозните потенцијали – истакна министерот.

Тој и неговиот словачки колега Ладислав Каменицки се очекува да го отворат форумот, на кој се присутни претставници на голем број компании и од Македонија и од Словачка.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img