домаМакедонијаВЛЕН: Коридорот 8 е стратешка оска за безбедност и евроатлантски развој

ВЛЕН: Коридорот 8 е стратешка оска за безбедност и евроатлантски развој

- Advertisement -spot_img

Коалицијата ВЛЕН го поздрави потпишувањето на Заедничката декларација за Коридорот 8 на министерскиот форум во Тирана, оценувајќи го како чекор од особено стратешко значење за безбедноста и евроатлантското позиционирање на државата.


Од ВЛЕН посочуваат дека Коридорот 8 не е само економски проект, туку и клучна источна–западна сообраќајна артерија која ги поврзува Јадранското и Црното Море и ја зајакнува стратешката мобилност во евроатлантскиот простор.


„Во време на геополитички предизвици, модерната инфраструктура придонесува за регионална стабилност, побрз одговор и подобра координација со стратешките партнери, во согласност со стандардите на Алијансата“, наведуваат од коалицијата.


Според ВЛЕН, Коридорот 8 отвора конкретни можности за економски развој на регионите долж трасата, привлекување инвестиции и отворање нови работни места, а истовремено ја зајакнува улогата на државата во соработката со НАТО и Европската Унија.


Коалицијата потенцира дека ќе продолжи да го третира Коридорот 8 како национален приоритет со стратешка тежина, со фокус на долгорочната безбедност, стабилност и директна корист за граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img