домаМакедонијаБитола ги избра најдобрите тимови и спортисти за 2025: РК Еурофарм Пелистер...

Битола ги избра најдобрите тимови и спортисти за 2025: РК Еурофарм Пелистер и Филип Кузмановски на врвот

- Advertisement -spot_img

Битола уште еднаш ја потврди својата спортска традиција, откако по 62-ри пат се одржа манифестацијата „Избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година“.


На свеченоста присутните ги поздравија претседателот на Општинскиот сојуз на спортови Сашко Павловски, градоначалникот Тони Коњановски и претставникот на Министерството за спорт и млади Илија Ристевски.


Градоначалникот Коњановски порача дека локалната самоуправа ќе продолжи со инвестиции во спортската инфраструктура, најавувајќи изградба на мултифункционален спортски комплекс, атлетска патека и борилиште на стадионот „Петар Милошевски“, центар за спорт и рекреација, реконструкција на спортската сала во Бистрица и нови училишни спортски сали и игралишта.


Најуспешни екипи
Во конкуренција на сениорски екипи:
РК „Еурофарм Пелистер“ – прво место КК „Пелистер“ – второ место
„Пелистер Волеј“ и ППК „Пелагонија“ – трето место


Беа доделени и пехари за „4-то Ноемвриската трка“, награди за најуспешни училишта во спортот, како и признанија за млади спортисти, младински екипи и спортски јубилеи.


Најдобри спортисти на Битола
Во изборот на десетте најдобри спортисти за 2025 година, врвот им припадна на:
Филип Кузмановски (РК „Еурофарм Пелистер“)
Ален Рустемовски (БК „Пелистерски јунак“)
Никола Митревски (РК „Еурофарм Пелистер“)
Леа Бошевска (Кик бокс клуб „Самурај“)


Плакета беше доделена и на семејството на Зоран Петковски за посебен придонес.
Наградите ги врачија претставници од Општината, Сојузот на спортови, Министерството за спорт и Советот на Општина Битола.


Со оваа манифестација, Битола уште еднаш го потврди статусот на еден од најспортските градови во државата.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img