10.8 C
Skopje
20 February, 2026

Мапа

независен информативен портал
spot_imgspot_imgspot_img
HomeШоубизПродуцентката Дана Еден најдена мртва во хотелска соба во Атина

Продуцентката Дана Еден најдена мртва во хотелска соба во Атина

- Advertisement -spot_img

Таа беше најпозната по шпионската трилер серија „Техеран“ којашто се прикажува на „Епл ТВ“ (Apple TV).

Причината за смртта сè уште не е потврдена, а грчките полициски службеници соопштија дека во овој миг станува збор за можно самоубиство, врз основа на првичните докази и сведоштва и пронајдените лекови. Еден била во Грција за снимањето на четвртата сезона од гореспоменатата ТВ-серија. Продуцентската куќа „Дона и Шула продакшнс“ ја потврди смртта на продуцентката.

Според наводите, на нејзиниот врат се видени и модринки, што отворило поинакви сомнежи. Се појавија и гласини дека ирански агенти биле вмешани во овој случај.

„Продуцентската куќа сака да разјасни дека гласините за смрт од криминална или националистичка природа се невистинити и неосновани“, се наведува во објавата на социјалните мрежи.

Израелскиот јавен радиодифузер Кан во официјално соопштение изјави: „Жалиме за смртта на нашата колешка и партнерка во долга низа продукции, серии и програми во Израелската јавна радиодифузна корпорација – Дана Еден. Дана беше меѓу високите личности во израелската телевизиска индустрија и одигра централна улога во создавањето и режирањето на некои од најистакнатите и највлијателни продукции на корпорацијата. Нејзиното професионално и лично наследство ќе продолжи да ја обликува израелската телевизија уште многу години.“

Грчката полиција наведува дека телото на 52-годишната жена е пронајдено откако нејзиниот брат не успеал неколкупати да ја исконтактира. Властите наредија обдукција за да се утврди причината за смртта. Се проверуваат и снимки од безбедносните камери и сведочења од вработени во хотелот. 

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404FansLike
61,453SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img