домаМакедонијаТоневски: Општина Пробиштип инвестира во спортот - Отворено ново кошаркарско игралиште во...

Тоневски: Општина Пробиштип инвестира во спортот – Отворено ново кошаркарско игралиште во Злетово

- Advertisement -spot_img

Во општина Пробиштип заврши изградбата на ново кошаркарско игралиште во Злетово, со што учениците од ПОУ „Кирил и Методиј“ и локалното население добија современ простор за спорт и рекреација.

Градоначалникот Тони Тоневски информира дека станува збор за мултифункционален терен со современа подлога, кој ќе овозможи подобри услови за физичка активност, особено кај младите.

„Овој проект е дел од нашата стратегија за унапредување на спортската инфраструктура и создавање подобри услови за здрав и активен живот на граѓаните“, истакна Тоневски.

Од општината најавуваат дека во наредниот период ќе следи и хортикултурно уредување на просторот околу игралиштето, со што целиот комплекс ќе добие комплетно уреден и функционален изглед.

Локалните власти потенцираат дека инвестициите во спортот и младите остануваат приоритет, како дел од напорите за развој на заедницата и подобрување на квалитетот на живот во Пробиштип.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img