домаМакедонијаАнтикорупционерката Цвета Ристовска си поднесе оставка во ДКСК

Антикорупционерката Цвета Ристовска си поднесе оставка во ДКСК

- Advertisement -spot_img

Антикорупционерката Цвета Ристовска поднесе оставка дознава Телма. Денеска ја поднела до Претседателот на Собранието Африм Гаши од чиј кабинет потврдија..

Во неа напишала дека после неколку неделните сомнежи изнесени во јавноста во врска со нејзината работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донела одлука да поднесе неотповиклива оставка од функцијата.

Антикорупциската комисија отвори два предмета за антикорупционерката Цвета Ристовска, дознава Телма од извори од комисијата. Според истите се работи за проверка на судир на интереси и за непријавување на имот.

Во првиот случај се работи за тоа дека фирма на еден од синовите на Ристовска добивала пари во кампања за претседателските избори во 2024 година. За вториот случај е дека таа не пријавила дека и двајцата синови имаат маркетинг фирми во нејзиниот анкетен лист.

Првиот случај вчера го објави Телма. Во јавно достапни документи се гледа дека фирмата на синот на Ристовска, „Буст Дооел“ добила по 35.000 евра од кампањата на претседателските кандидати Стево Пендаровски од СДСМ и Гордана Силјановска Дафкова од ВМРО-ДПМНЕ. Симптоматично е тоа што токму рекламирањето и финансирањето на кампањите меѓу другите институции го проверува и Антикорупциската комисија. Истата фирма добила пари и за локалните избори во 2021 година од СДСМ, додека тогаш Ристовска била помошник државен ревизор.

Вториот случај го објави партијата Левица, која откри дека Ристовска не ги пријавила фирмите на своите деца во нејзиниот анкетнен лист.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img