Златко Перински ќе биде нов претседател на градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, одлучил новиот ИК на партијата на вечерашната прва седница, потврдува за ТВ 24 висок партиски функционер од ИК.
Перински е актуелен министер за локална самоуправа, а беше и противкандидат на Орце Георгиевски во внатрешната битка за кандидат за градоначалник на Скопје.
Перински го водеше и изборниот штаб на Сотир Лукровски во Карпош, една од општините во Скопје на која лично лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски беше фокусиран да ја добие. И општина која ВМРО-ДПМНЕ ја доби во вториот круг против Стефчо Јакимовски.









