домаМакедонијаМеџити со јасна порака: Силно Демократско движење значи силен ВЛЕН

Меџити со јасна порака: Силно Демократско движење значи силен ВЛЕН

- Advertisement -spot_img

Претседателот на Демократско движење и еден од лидерите на ВЛЕН, Изет Меџити, синоќа во Камењане оствари средба со структурите на Демократско движење – ВЛЕН, при што ја истакна силната организациска поставеност и поддршката од членството.

Меџити нагласи дека средбата се одвивала во атмосфера на масовно присуство, со значително учество на млади, жени и професионалци, што, според него, претставува јасен показател за енергијата и капацитетот на Демократско движење во рамки на коалицијата ВЛЕН.

Тој ги честиташе структурите за големата победа на локалните избори, потенцирајќи дека зајакнувањето на Демократско движење директно значи и зајакнување на ВЛЕН. Меџити истакна дека со обединувањето на ВЛЕН во еден политички субјект, коалицијата се трансформира во единствена политичка сила со широка поддршка и присутност на целата територија на државата.

Според него, ваквиот процес е клучен за натамошно јакнење на политичкото дејствување и за создавање обединета и стабилна платформа насочена кон реалните потреби на граѓаните.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img