Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) презема соодветни мерки и активности на локации во Скопје и Струмица за опојна дрога.
Од МВР најавуваат повеќе детали по завршувањето на активностите.
Синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје. Објавено е дека десетина комбиња и неколку камиони и полициски возила попладнево влегле во просториите на поранешната фабрика ОХИС, каде што од вчеравечер се спроведува полициската акција.









