домаМакедонијаУЈП апелира: Не испраќајте ги пресметките повеќепати, обработката трае еден ден

УЈП апелира: Не испраќајте ги пресметките повеќепати, обработката трае еден ден

- Advertisement -spot_img

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници кои имаат обврска за поднесување месечни пресметки за интегрирана наплата (МПИН) дека пресметките доставени по електронска пошта се обработуваат, но поради зголемениот прилив на МПИН пресметки, од моментот на доставување до нивната обработка и добивање на декларацијата, просечно поминува еден работен ден.
Со цел побрза и поефикасна обработка, УЈП ги охрабрува даночните обврзници да поднесуваат само една МПИН пресметка и да не ја испраќаат истата повеќепати. Повеќекратното доставување не го забрзува процесот, туку создава дополнително оптоварување и го успорува текот на обработката.
Апелираат даночните обврзници да имаат разбирање и да почекаат на обработка на поднесените пресметки. Сите пристигнати МПИН пресметки како пристигнуваат така се обработуваат и во најголем дел декларациите се доставуваат назад наредниот ден.
Законскиот рок за поднесување на МПИН пресметките е најдоцна до 10-ти во тековниот месец, а доколку декларацијата содржи грешки, рокот е до 15-ти во тековниот месец.

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
- Advertisement -spot_img
Најчитани
- Advertisement -spot_img
Stay Connected
10,404фановикако
61,453претплатницисе претплатите
- Advertisement -spot_img
Поврзани вести
- Advertisement -spot_img